речник контакт

Крај на служењето војска?

Можно ли е конечно војскаа да ја укинат? Дај нека остаат професионалци да не чуваат, па помирно да спиеме навечер. Еве извадок од Интервјуто на Министерот за Одбрана на РМ Јован Манасијевски.

Никола Солев

[b]Во насока на реформите e и професионализацијата на АРМ, до каде се плановите со ова и кога ќе почне спроведувањето?[/b] Прдвидено е тоа да заврши во 2007 година. И во 2006 година од Министерството за финансии веќе е добиено одобрение за прием на 1200 професионални војници. Прашањето на укинувањето на обврската за граѓаните на Република Македонија за отслужување на воениот рок се разбира е тесно поврзана со ова прашање и првично според стратегиските документи тој процес требаше да се поклопи со процесот на завршување на професионализацијата. Но, ние во Министерството за одбрана сметаме дека имаме услови тоа да се изврши и предвремено. Аргументите за тоа се едноставни. На пример, ние во моментов имаме некаде околу 1,400 регрути. Што значи, дека ако се реализира приемот на 1200 професионални војници до крајот на 2006 година, тие не само што квантитативно ќе ги субституираат овие 1,400 регрути, туку, бидејќи се работи за професионални војници, на квалитативен план ќе имаме покачување на нивото на борбената готовност. Така што, од аспект на исполнување на условите на укинувањто на обврската за служење на воениот рок, сметам дека тој процес ќе можеме да го завршиме до крајот на 2006 година. Се разбира, за тоа се потребни соодветни законски измени и при законските измени мора многу да се внимава. Затоа што, преку законот државата може да ја укине само обврската за служење воен рок, но не и правото, така што како замена на обврската всушност ќе имаме доброволно служење на воениот рок, коешто ќе биде скратено и нема да има потреба да трае повеќе од три месеци и всушност на тој начин ќе им се гарантира и уставното право на оние граѓани на Македонија кои сакаат да го искористат тоа право.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »